Светот веќе ги затвора, а Косово ќе гради нова термоелектрана на јаглен
Foto

Светот веќе ги затвора, а Косово ќе гради нова термоелектрана на јаглен

Европската Унија размислува да воведе данок за загадување од јаглерод диоксид кој доаѓа од термоелектраните што работат на јаглен во земјите од Западен Балкан вклучително и за Македонија. И додека Европа креира политика за намалување на аерозагадувањето и ги затвора термоелектраните, нашиот сосед Косово допрва ќе гради термоелектрана иако токму поради јагленот не доби пари од Светска банка, а Македонија преговара од таму да купува јаглен за термоцентралата Осломеј, која важи за голем загадувач во земјава.

Косовскиот министер за економски развој Валдин Лука тврди дека со изградба на новата теромоцентрала, ќе ја затворат старата Косово А која е една од најголемите загадувачи во Европа.

„Токму загадувањето е главен проблем. Косово има две термоцентрални, а таа што ќе биде затворена е од 62 година и поради застареноста е главен загадувач. Новата електрана ќе се гради со најновите технологии од кои се очекува да не загадуваат. Прогнозите се дека во наредните 20 години нема да има такви проблеми.“ - вели Валдин Лука, министер за економски развој во Косово.

Македонија и Косово ќе ја обновуваат старата траса за гас, што е оставена уште од времето на Југославија и која не се користи со години. Но двете земји се убедени дека можат да ја стават повторно во функција. Освен гасот, министерот Бектеши тврди дека Владата не отстапува од безвременскиот проект Чебрен и Галиште. Двајцата министри денес ставија потпис за поголема соработа во енергетиката.

0 Коментари

Остави коментари