Светот се соочува со нова нерегулирана трка во вооружувањето

Светот се соочува со нова трка во вооружување...Истече договорот Нов Старт со кој се ограничуваше стратешкиот нуклеарен арсенал на САД и Русија.... Договорот беше потпишан во 2010 година а со прекинот, Москва и Вашингтон и формално се ослободени од низа ограничувања, зголемувајќи ги стравувања од нова глобална трка во вооружување...Според последните проценки, двете држави во моментов контролираат повеќе од 80% од нуклеарните боеви глави во светот.  

За првиот човек на Обединетите Нации, истекот на договорот преставува мрачен момен за меѓународната безбедност и ги повика Вашингтон и Москва што е можно побрзо да постигнат нов договор за контрола на оружјето за масовно уништување. 

„За првпат по повеќе од половина век се соочуваме со свет без никакви обврзувачки ограничувања за стратешките нуклеарни арсенали на Русија и САД – двете земји кои поседуваат огромно мнозинство од нуклеарното оружје во светот.  “

Договорот, потпишан во 2010 година во Прага од тогашните претседатели на САД и Русија, Барак Обама и Дмитриј Медведев, го ограничи нуклеарниот арсенал на секоја страна на 1.550 стратешки боеви глави, што е намалување од речиси 30% од претходната граница поставена во 2002 година... 

Барак Обама предупредува дека истекот на договорот, може да предизвика уште една трка за вооружување...

„Тоа бесмислено би ги уништило децениите дипломатија и би можело да предизвика уште една трка во вооружување што ќе го направи светот помалку безбеден. “

Сличен е ставот и на поранешниот руски претседател Димитри Медведев...

„Не сакам да кажам дека ова значи катастрофа и дека ќе започне нуклеарна војна, но сепак треба да ги вознемири сите. “

Иако Русија го суспендираше договорот пред три години, како што растеа тензиите околу војната во Украина, двете земји се уште ја почитуваа спогодбата... Сепак, од Руското МНР соопштија дека по истекувањето на нов СТАРТ земјите потписнички повеќе не се обврзани со договорт и се слободни да ги изберат следните чекори... 

Државниот секретар на САД, Марко Рубио пак тврди дека Трамп наскоро ќе донесе одлука по ова прашање...Го поддржа ставот на Белата Куќа, дека и Кина треба да биде вклучена во новиот договор..

„Претседателот беше јасен дека за да се има вистинска контрола на оружјето во 21 век, невозможно е да се направи нешто а тоа да не ја вклучува Кина, поради нивните огромни и брзорастечки капацитети.“

Официјален Пекинг досега ги отфрлаше повиците за ограничување на својот нуклеарен арсенал, тврдејќи дека нивните залихи се се уште релативно мали во споредба со оние на САД и Русија. 

Лин Џиан – портпарол на Министерството за надворешни работи на Кина

„Кина доследно се придржува до нуклеарната стратегија за самоодбрана, се придржува до политиката за забрана за прва употреба на нуклеарно оружје и презеде обврски да не користи или да се заканува со употреба на нуклеарно оружје против држави кои не поседуваат нуклеарно оружје. “

Русија пак инсистира дека секој иден договор треба да ги вклучи Франција и Велика Британија – две европски нуклеарни сили.