Светот препознал бренд, а ние сме му најголеми непријатели – научниците бараат поголема заштита на охридскиот регион
И додека државата го подготвува февруарскиот извештај за сработеното по однос на препораките на УНЕСКО за Охрид и регионот научната фела алармира за она што тивко и полека, но разорно го уназадува светското природно и културно наследство.
Ставот на научната фела е дека е потребна поголема заштита од секаков аспект на езерото идентитетот културното наследство но и негова дигитализација и промоција. Важен сегмент за напредок според познавачите е политиката да ги тргне канџите од културата и историјата.
Досега Комитетот на Унеско три пати расправаше за статусот на Охрид, а минатото лето во услови кога 39 граѓански организации од Македонија и Албанија побараа да биде впишан во Листата на светски наследства во опасност, за како што велат, да се отвори врата за строго дефиниран процес за санација под постојан надзор на УНЕСКО.
Тогаш УНЕСКО го одложи впишувањето на Охридскиот регион на Листата на загрозени светски наследства, но под услов до февруари 2026 година да се исполнат низа конкретни обврски за заштита на неговите природни и културни вредности.

