Свечено отворено 62-то издание на Охридско лето
Со спектакуларниот концерт на четворицата италијански тенори вчеравечер на сцената на Античкиот театар во Охрид, свечено беше отворено шеесет и второто издание на фестивалот „Охридско лето" . Алесандро Косентино Де Акриса, Федерико Сера, Џовани Мариа Палмиа и Уго Тарквини ја воодушевија публиката во Античкиот театар кој беше исполнет до последно место.
Публиката пак двапати ги врати на бис италијанските уметници кои настапија под диригенската палка на Лоренцо Бицари придружувани од Оркестарот на Националната опера и балет.
Свои обраќања имаа претседателот Стево Пендаровски како покровител на фестивалот и министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.По традиција, свеченото отворање беше проследено со интонирање на фестивалската химна, палење на фестивалскиот оган и богат огномет над охридското небо.
изјави Стево Пендаровски претседател на Р.Македонија, Бисера Костадиновска-Стојчевска министер за култура.
На годинешното 62-ро издание љубителите на уметноста ќе имаат прилика да уживаат во 36 концерти, девет театарски претстави и 6 настани во дополнителната програма. До 20 август, на отворените сцени Антички театар, Долни Сарај, Предворје на црквата Света Софија, како и во самата Црква Света Софија и во Центарот за култура, ќе настапат над 1000 уметници од 25 земји ширум светот.

