Сузане Шиц за бугарско-македонскиот спор: Разговорите мора да продолжат
Билатералните прашања, особено историските разлики, немаат место во процесот на приклучување, потенцира за ДВ Сузане Шиц, надлежна, меѓу другото, за Западен Балкан во германското МНР.
- Приближувањето на Западниот Балкан кон ЕУ е стратешки важна одлука за регионот, но и за нас. тоа за Германија во годинава што изминува беше во врвот на теми кои беа на дневен ред. ако фрлиме поглед на 2020., не' радува што на Западен Балкан имаше важен напредок. Иако можеби луѓето во регионот се надеваа на уште повеќе, чашата треба да се гледа како полуполна - вели Шиц.
Предуслов за носење одлуки според неа е согласност да дадат сите земји членки.