Сузана Стојановска: Децата со Даунов синдром не треба да ги гледаме како товар за државата
Foto

Сузана Стојановска: Децата со Даунов синдром не треба да ги гледаме како товар за државата

Имаат помеѓу 17 и 21 година, а веќе се светски прваци во иновација. Младите со Даунов синдром кои се членови на дневниот центар „Доза среќа“ неодамна освоија шест златни медали на светскиот натпревар за млади иноватори во Индонезија. Тие, заедно со нивниот ментор Д-р. Драган Јованов измислија чај за невролошки и автоимуни заболувања.

Претседателката на здружението дневниот центар „ Доза среќа“ Сузана Стојановска вели дека работат во сите области со децата за да се олесни нивното живеење, но дека условите во нашата држава се сведени на минимум.

„Дневниот центар „Доза среќа“ ние го користиме во попладневните часови. Нашата напорна работа резултираше со шест златни медали и светот го препозна тоа. Ние сме амбасадори на државата. За иронијата да биде поголема, денот кога ни ги доделија наградите, ми стигна вест дека нашиот проект што го поднесовме до Министерството за животна средина е одбиен. Она што светот го препозна кај нас, Министерството штое надлежно за ова, не го препозна. Тука е најголемниот парадокс. Државата не дава никаква подшка за работа со овие деца. Кога ќеим се направат условите, ете ги резултатите. Овие деца не треба да ги гледаме како товар на државата.“ - вели за Студио 10 Сузана Стојановска Дневен центар „Доза среќа“.

0 Коментари

Остави коментари