Сува трева, стрниште и шума гореле во кумановско изминатово деноноќие
Сува трева, стрниште и шума гореле во кумановско во изминатово деноноќие, соопштија денеска од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово.
Пожарникарите гаснеле пожар во село Зебрњак во ноќните часови од 23:30 до 00:35 часот. Во текот на денот, пожарникарите интервенирале на пожар во близина на бензинска пумпа на автопатот Куманово-Табановце. Пожар имало и во село Шупли камен каде горела сува трева. Кумановските пожарникари гаснеле пожар и на запалена шума во село Сопот попладне од 16:00 до 19:40 часот.
На сите пожари интервенирала по една екипа со по едно противпожарно возило.