Суспензии, контроли, оставки: Тензична атмосфера во правосудството и обвинителството

По наредба на републичкиот обвинител Љупчо Коцевски, обвинители го тресат обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.

„Надзорот се врши во согласност со член 21 од Законот за јавното обвинителство и Правилникот за вршење надзор над работата и постапувањето на јавните обвинителства, донесен од Советот на јавните обвинители“, соопштија од ЈОРСМ.

Државниот обвинител Коцевски, објави дека ги задолжил сите јавни обвинители, со приоритет да постапуваат по предмети од областа на корупцијата.  Најави реорганизација во ЈО за поефикасен кривичен прогон.

Денеска пак Советот на Јавни обвинители ја отфрли жалбата на обвинителот Хајрулахи, кој беше суспендиран од републичкот обвинител Коцевски, поради кривична пријава за мобинг поднесена од неговите колеги во Вишото јавно обвнителство.

Премиерот Мицковски денеска се осврна и на оставката на Весна Дамева од претседателската функција во Судскиот совет. Според него овој чекор не треба да биде исклучок, туку правило во иднина. 

Сузпензиите, оставките и контролите во обвинителствата и судството следуваат откако Мицковски и владеачката партија упатија серија критика до правосудниот ситем за неактивност, особено во полето на криминалот и корупцијата. 

Во вчерашното соопштение на обвинителство се посочува дека државниот обвинител сериозно ги прима апелите на извршната власт за зголемување на активноста на Обвинителство во борбата против корупцијата. 

Контрола од републичкото обивнителство претходно беше извршена во сите виши јавни обвинителства во државата. Според најавите следува надзор и во државното обвинителство, Одделението за меѓународна правна помош, како и над Канцеларијата за врски со Европравда.