Суспендирани тројца француски полицајци откако без причина претепале музички продуцент
Французинот Мишел Зеклер бара правда откако на видео снимка, објавена од повеќе француски медиуми, се гледа како неколку полицајци го тепаат без очигледна причина. На снимката се гледа како тројца вооружени полицајци го удираат по неколку пати, користејќи палка.
-Сакам да разберам зошто ме нападнаа луѓето што носеа полициски униформи. Всушност, сакам правда затоа што верувам во правдата на мојата земја, изјави Зеклер, додавајќи дека се чувствува добро сега откако вистината излезе на виделина преку видео снимката.
Тој додаде дека полицијата го навредувала и користела „силни расистички епитети“.
Зеклер, кој се здобил со повреди на главата, подлактицата и ногата, уште кажа и дека се уште не разбира зошто полицајците сакале да го уапсат.
Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманен претходно нареди суспензија на полицајците.
Видеото, кое прва го објави интернет страницата Лупсајдер, го прикажува насилното апсење на Заклер, инаку музички продуцент.
На снимката, што ја обезбедиле американските медиуми од безбедносните камери во неговото музичко студио и од неговите соседи, се гледа како тројцата полицајци го следат Заклер до студиото, каде повеќепати го удираат со палки.
Полицијците повикала и засилување и фрлиле солзавец во студиото за да ги истераат луѓето, јавуваат американските медиуми, повикувајќи се на страницата Лупсајдер, а наводно во студиото биле претепани уште девет лица.
Инцидентот се случува во време кога француската Влада се обидува да донесе закон со кој се забрануваат снимки на полицијата, што предизвика протести од либералните граѓански групи и новинарите, кои проценија дека законот ќе овозможи полициската бруталност да остане незабележана и неказнета.