Суспендирана трговијата на ОАЕ со Иран

Блискиот исток повторно на чекор до ескалација..додека иран и оман преговараат безбедна рута за движиње, уште еден брод погоден во ормутскиот теснец..Неколку месечните напади врз нафтени постројки пак ги принуди властите во Обединеттие Арапски Емирати да ја прекин секоја соработка со Техеран..Од Министерствот оза надворешни работи велат дека  ги суспендираат сите трговски, економски и финансиски трансакции бидејќи Иран секојдневно го поткопува регионалниот и меѓународниот мир .. Претходно и Американската администрација се закани дека земјата ќе се соочи со големи финансиски проблеми доколку не го промени пристапот во преговорите...

Генерал Марк Кимит: „ Мислам дека не може да се потцени трговската и финансиската размената меѓу Дубаи и Иран. Во моментов, Обединетите Арапски Емирати се најголемиот снабдувач на Иран со увезена стока, надминувајќи ги Кина и Турција. Една третина од увозот на Иран доаѓа од ОАЕ. Второ, Дубаи е финансиски центар и отсекогаш бил начин преку кој Иран може да ги избегнува санкциите. “

Техеран негира дека истрелале ракети врз Обединетите Арапски Емирати.. Сепак, земјата ги предупреди другите држави од Заливот да не даваат никаква помош на американската војска, нагласувајќи дека тоа ќе го смета за поддршка на воените операции на Вашингтон против Исламската Република...

Армија на Иран: „Сакаме да предупредиме: секоја помош или соработка што и се дава на агресорската американска армија е еднаква на учество во воените операции на САД. “

А според Фајненшл Тајмс, Иран разгледува можност за напад врз американски воени цели во Европа доколку Доналд Трамп повторно го ескалира конфликтот..Повикувајќи се на извори од Иранската влада, медиумот наведува дека армијата ги проценува можните напади врз американските позиции во Југоисточна Европа, вклучувајќи објекти во Бугарија, а потенцијална цел е и Кипар.