Сулејмани за ТВ 24: Поставување на црвени линии е многу неадекватно за моментот во кој живееме

Ризван Сулејмани од Евроатланскиот совет во емисијата 24 анализа истакна е иднетитетот е лична убеденост и чувство и тоа е динамичко прашања.

- Денеска може да се чувствувате различно. Идентитетот е слободно убедување и ме чуди е дека забораваме како функционира меѓународната политика и ЕУ. Во меѓународната политика има две правила. Првото е дека нема правило и второто дека нема морал. ЕУ знеме што значи и дали воопшто имаат надворешна политика, имаме заедничка безбедноста и надворешна полиса. ЕУ не е формирана од љубов помеѓу Германија и Франција, туку од компромиси што ги направија двете страни. Поставување на црвени линии е многу неадекватно за моментот во кој живееме. - рече Сулејмани.