Сулејмани за ТВ 24: Европа и НАТО покажаа многу слабости

Ризван Сулејмани од Европскиот совет на С. Македонија во емисијата 24 анализа рече дека не верува дека оваа војна долго ќе трае и на крајот Русија ќе ја изгуби војната, но ќе има многу жртви, а мора ќе мора да биде самокритична до крај.

- Во оваа бирократска Европа и во НАТО има многу слабости. Европа покажа многу слабости и после она што се случи во Авганистан, тука се случува во многу погруба форма. За оваа грешка треба да се плати голема цена. НАТО и ЕУ ќе се сплотат и стари теории од 15-от век ќе ги напуштат, на Евроопа да и донесе напредок, но денеска се надминати. Европа пати од филозофија за глобализмот, нема политичка филозофија како да се справи со тоа. Многу инвестира во технологии, а малку во филозофија. А сега ќе мора, зошто светот се менува. - рече Сулејмани.