Сулејман Реџепи: Трогнат сум од навредливата кампања, но конечен судија е само Алах
Foto

Сулејман Реџепи: Трогнат сум од навредливата кампања, но конечен судија е само Алах

Сега веќе екс-поглаварот на Исламската верска заедница, Сулејман Реџепи со соопштение до јавноста ја образложи оставката од функцијата. Тој вели, меѓудругото дека е подготвен да одговара пред законот.

„Последните денови во јавноста се пласираа редица дезинформации и се одвиваше кампања што јас ја сметам за нецивилизирана, а која што се однесуваше на мојата личност при што се нанесоа сомнежи на мојата активност и ангажирање на чело на ИВЗ во РСМ. Како верски водач и човек, длабоко сум трогнат од оваа навредлива кампања, но во ниту еден момент не го оспорив правото на кој било да го изнесе своето мислење и став, свесен и уверен дека единствениот и конечен судија за делата на секој човек е и ќе биде секогаш единствениот семоќниот Алах“ - се вели меѓудругото во соопштението испратено од Сулејман Реџепи до јавноста.

Тој наведува дека и го посветил животот на ИВЗ и дал свој придонес на разни начини.

„Во тој поглед секогаш сум инсистирал на подигнување на квалитетот на исламското верско образование преку заживување на училиштата и на факултетот за исламски науки кои што негуваат чисто исламско образование. Истовремено, со моите соработници сум работел и сум се ангажирал за подигање и ревитализација на стотици џамии кои што денес се во служба на муслиманските верници“ - вели Реџепи.

Foto

0 Коментари

Остави коментари