Судскиот совет ќе расправа по претставки и поплаки за работата на судиите, претседателите на судовите и судовите
Судскиот совет на Република Северна Македонија денеска треба да ја одржи 541-та седница на чиј дневен ред се повеќе точки, меѓу кои и годишниот извештај за работата на Судскиот совет за 2025 година и извештајот за спроведено вонредно оценување на работата на судиите како кандидати за избор на претседател на Управен суд.
Советот, исто така, ќе расправа и по претставки и поплаки поднесени од граѓаните и правните лица за работата на судиите, претседателите на судовите и судовите.
Како последна точка на дневен ред е и формирање комисии на известители по барања за утврдување одговорност на судија/претседател на суд.

