Судскиот совет ќе работи со еден член помалку

Судскиот совет ќе работи со еден член помалку. Претседателката Гордана Силјановска Давкова нема да предложи наследник на Мињазим Мустафа, чиј што мандат истекува утре и ќе го почека новиот закон за судски совет кој треба да го изгласаат пратениците.

За претседателката, актуелниот закон е лош, критериумите за избор се несооодветни а врз одлуката влијаела и досегашната работа на советот. Очекува да нема продлеми во следниот период, бидејќи одлуките се носат со осум од тринаесет члена.

„Не би сакала во последниот воз или налет, по стариот закон каде што воопшто не е јасно што е тоа истакнат правник , а да не говорам и за самата постака ,таа не е конкурентна, не е компетитивна,  со еден кандидат не. Има решенија кои што мислам дека е добро секој нов член на Судскиот совет да ги исполни за да влезе во Судскиот совет.“ - Гордана Силјановска Давкова претседателка на Македонија.

На почетокот на годината, Силјановска Давкова обвини дека голем дел од актуелните членови на Судскиот совет не ги исполнуваат законските услови и побара да има законски механизми што ќе овозможат избор на најдобрите кандидат во ваквите тела, а не акцентот да се става на партиската припадност. Во јуни, министерството за правда потврди дека предлог-законот за Судски совет е влезен во владина процедура откако претходно беше испратен на мислење до Венецијанската комисија.

Претходно, работата на членовите на судскиот совет беше оценувана и во законодавниот дом. Но иако пратениците изгласаа недоверба на петмина членови, тие останаа на функција.