Судскиот совет го разреши судијата Енвер Беџети од Апелација

Судијата од Апелацискиот суд Скопје, Енвер Беџети, е разрешен од функцијата. Заедно со поранешниот прв вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, тој беше ставен на т.н. црна листа на САД, бидејќи примал мито. Судскиот совет донесе решение со кое го разреши Беџети, наведувајќи дека е утврдена потешка дисциплинска повреда што го прави недостоен за вршење на судиската функција.