Судскиот совет денеска на седница ќе избира нов претседател по оставката на Павлина Црвенковска

Судскиот совет денеска на седница ќе избира нов претседател по оставката на досегашната претседателка Павлина Црвенковска која обвини дека против неа работела група од судската – бизнис елита.

Според законските измени, новиот претседател на ова судско тело што бира разрешува и оценува судии, може да биде еден од 4-цата членови што не се избрани од редот на судиите.

Павлина Црвенковска, во вторникот изјави дека против неа започнала медимска хајка бидјеќи таа не одговарала на група од судската – бизнис елита. Црвенковска останува да биде член на Судскиот совет.