Судски совет ќе формира комисија која треба да утврди дали имало пропуст во претходните судски постапки на обвинетиот Васил Јованов

Судскиот совет денеска треба да формира комисија која ќе ги разгледа сите списи во врска со претходните судски случаи на обвинетиот за сообраќајката на „Партизанска“ Васил Јованов, каде животот го загуби 22-годишната Фросина Кулакова, по што ќе излезе со став дали имало пропуст во претходните судски постапки на обвинетиот Јованов.

Ова го најави претседателот на Судскиот совет Александар Камбовски, а следи по изнесените забелешки во јавноста во врска со претходните судски случаи на обвинетиот Васил за сообраќајката на „Партизанска“. Тој вчера информира и дека комисија на Судскиот совет веќе ги разгледува списите и ќе постапи по сите забелешки на јавноста.