Судската администрација бара зголемување на платата и редовна исплата
Судската администрација се уште не добила плата, а не добила ниту додатоци од 25 проценти - за разбирање тропнале кај министерот за правда, Игор Филков за кого велат дека го запознале со проблемите на вработените во судската администрација.
Од пред Министерството за правда побараа заложби од министерот Филков да се донесе законот за судска служба. Независниот синдикат на судска администрација меѓу другото е на ставот дека потребни се длабоки реформи во Судски совет и побараа член на синдикатот да биде челн и на Судски совет бидејќи сметаат дека се до сега Судски совет се изборил за плати од 78 посто но само за судиите и обвинителите но не и за администрацијата.
Од независниот синдикат на Државна администрација очекуваат плодна соработка со министерот за правда, Игор Филков и итно донесување на законот за судска служба. Синдикатите дополнително информираат дека ако се принудени повторно ќе се вратат на улиците преку протести и штрајкови бидејќи сметаат дека не само судиите и обвинителите заслужуваат европски плати туку дека и сите останати во судската служба.