Судска медицина ги утврдува причините за смртта за 32годишниот кумановец

Се утврдуваат причините како настанала смртта кај 32 годишниот кумановец што поради болки во стомакот побарал медицинска помош во кумановската болница.

Обдукцијата е направена и се прибираат материјали за тоа како течело лекувањето, но и токсиколошки анализи информираат од судска медицина. 

Од ОЈО велат дека е наредена обдукција и прибираат извештаите од контролите. 

- ОЈО Куманово нареди обдукција, а се обезбедуваат и извештаите од извршените контроли. - ОЈО.

По завршувањето на истражните дејствијата за овој случај од ресорот претходно кажаа доколку се утврди неодговорност кај докторот што го лекувал Ведат Адеми ќе побараат од лекарската комора да му се одземе лиценцата, а експресно беше разрешен директорот на кумановската болница. За семејството Адеми ваквите постапки не се доволни и бараат правда, таткото тврдеше дека добил информација дека во понеделникот доктор Зоран Ѓеорѓиевски бил во алкохолизирана состојба на работа.