Судот им одреди притвор на лицата вмешани во киднапирањето на Самоил Костадиновски, внукот на Љубе Бошкоски

Кривичниот суд во Скопје им одреди привор на двете лица уапсени денеска под сомнение дека се вмешани во исчезнувањето на 26-годишниот Самоил Костадиновски, внук на Љубе Бошкоски, дознава „Фокус“. Одредениот притвор е на барање на Основното јавно обвинителство, а е во траење од 48 часа.

 

Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека денеска се уапсени две лица под сомнеж за нивна инволвираност во киднапирањето. Уапсените се со иницијали  В.М. и С.Ч.