Судот го прифати обвинението за Фросина Ременски
Одобрено обвинението против меѓународен сојуз на бојан јовановски и уште пет други лица, меѓу кои и пратеничката Фросина Ременски.
Судот во целост го прифатил обвинението, бојан јовановски се сомничат за Измама и Перење пари, а сите останати за помагање. Покрај Бојан Јовановски, кој е првообвинет во предметот, обвинети се и неговиот татко, Миле Јовановски, заменик претседателката на Сојузот, Јасна Мандиќ, Христина Блажевска како потпретседатеклката на Собранието, Фросина Ременски...
„По веќе одобрениот обвинителен акт, ќе биде оформен предмет кој согласно АКМИС – системот ќе биде распределен на понатамошно постапување кај судија од Одделот за организиран кирминал.“ - се наведува во соопштението од Основен суд Скопје.
На 9 ти октомври, обвинителството отвори истрага против Бојан Јовановски, кој како претседател на невладина организација, лажно прикажувал дека ќе обезбеди државно неизградено земјиште за изградба на Европски центар за возрасни лица и мобилен сервис, како и субвенции од страна на државата.
Во измамата му помагале заменик претседателка на организацијата Јасна Мандиќ, асистентката Христина Блажевска, како и пратеничката Фросина Ременски, која е почесна претседателка на Сојузот, тврди обвинителството. Ременски тогаш изјави дека нема никакви докази дека направила некакво кривично дело и дека осомничен е само нејзиниот углед и авторитет. Воедно, обвини дека станува збор за политичка пресметка и дека е одмазда од разузнавачи.
Ременски на својот фејсбук денеска напиша:
„Очекувано беше ова пропагандно изнудено обвинение во многу интересни периоди и многу "случајни" датуми. Ова е начинот на кој се отслукува немоќта/сервилноста на тие што гонат, да ги ловат и обвинуваат вистинските криминалци (ако смеат), но ќе мора сакале или не. До главната расправа нека се договорат сите каде треба да потпишам и да ги прифатам сите обвиненија против Мијалков, Орце, Гордана, Груевски и др., за да не се мачат, еве професорката ќе одговара за сите, заради својот углед и авторитет.# - напиша Ременски.
Обвинението во Kривичниот суд го оценуваше судијката Dобрила Kацарска.

