СУДОТ ДЕНЕСКА ГО ЗАТВОРИ РОЧИШТЕТО ЗА „РЕКЕТ“
Foto

СУДОТ ДЕНЕСКА ГО ЗАТВОРИ РОЧИШТЕТО ЗА „РЕКЕТ“

Тајно снимени разговори меѓу Бојан Јовановски и Зоран Милевски -Кичевскиот беа пуштани во судот, сокриени од јавноста. Новинарите не присуствуваа на рочиштето откако обвинителката Вилма Русковска побара да биде затворено бидејќи меѓу нив имало и чувствителни приватни информации. Катица Јанева и Боки 13 се противеа и бараа јавноста да остане , но судот не дозволи. Јовановски на влегување се пожали дека физички го нападнале полицајците во затворот, од каде што пак го демантираа. Управата тврди дека одбивал да му стават лисици. Адвокатот на Јовановски оценува дека снимката која денеска била слушана во судцница имала „нула“ доказна вредност.

0 Коментари

Остави коментари