Судиската комисија при ФФМ призна: Победа е оштетена, пропусти за мечот Шкупи – А. Пандев
Судиската комисија при фудбалската федерација на македонија направи детална анализа на судењето на натпреварите од 21. Коло од првата лига и јавно потврди дека се направени пропушти при делењето на правдата на два натпревари. Победа е драстично оштетена во 65-тата минута кога при резултат 1:1 досуден е непостоечки пенал.
- Играч од екипата на гостите центрираше кон голот на домаќините, играч од екипата на домаќините пред линијата на 16-сетникот ја удри топката со рака која му беше во неприродна положба (одвоена од тело).
Погрешна одлука на првиот помошен судија кој му сигализираше на главниот судија и даде информација дека играта со рака на играчот на домаќините е на самата линија од 16-сетникот. Играта со рака на играчот на домаќините беше надвор од 16- сетникот и требаше да биде слободен удар. - велат од ФФМ.
Грешки во судењето има и на дуелот меѓу Шкупи и Академија Ппандев. Првата е погрешна проценка на главниот судија кој при вториот погодок на Шкупи оставил играта да продолжи, а не досудил прекршок за гостите.
Втората е во 91-та минута кога вториот помошник судија не сугерирал за офсајт на гостински играч, по што беше поставен конечниот резултат на мечот.. На останатите натпревари имало уште една спорна ситуација на средбата меѓу Македонија Ѓорче Петров и Тиквеш, но комисијата потврди дека судиите правилно реагирале.