СУДИЈКАТА КОЈА ВО САБОТА ГО ПУШТИ ВО ДОМАШЕН ПРИТВОР МИЈАЛКОВ ТВРДИ ДЕКА НЕ НАПРАВИЛА НИШТО НЕЗАКОНСКИ
Foto

СУДИЈКАТА КОЈА ВО САБОТА ГО ПУШТИ ВО ДОМАШЕН ПРИТВОР МИЈАЛКОВ ТВРДИ ДЕКА НЕ НАПРАВИЛА НИШТО НЕЗАКОНСКИ

Судијката Весна Димишкова, Судија на претходна постапка која му изрече притвор на екс-директорот на Уптравата за безбедбност и контраразузнавање Сашо Мијалков негира дека побарала полициско обезбедување, дотолку повеќе што наводната закана за која пишуваат некои медиуми не се случила деновиве, туку пред повеќе од еден месец.

- „Не знам од каде сега вакви работи. Точно е дека пред повеќе од еден месец под моето возило забележав некакви хартии, но за тоа само го известив мојот претпоставен, а тој ја информирал полицијата. Во вакви ситуации полицијата е таа којашто врши безабедносни проценки, а не јас. Овој инцидент се случи некако во исто време кога им се изрекуваше притвор на осомничените во случајот 'Империја', односно пред повеќе од еден месец и затоа не во ред да се објавува нешто што се случило пред подолго време, а тоа да се прикаже како да се случило пред само неколку дена“.- изјави Весна Димишкова.

Димишкова за „Телевизија 24“ потврдува дека не само што не барала, туку дека и сега не користи полициско обезбедување. Запрашана за предновогодишните играрии на релација Основен суд Скопје 1 - Специјално јавно обвинителство, а кои се однесуваат на одлуката мерката притвор којашто му беше изречена на обвинетиот Сашо Мијалков да му се замени за поблага мерка е правно издржана.

Димишкова вели дека стојат забелешките кои таа ги доставила до СЈО, а кои се однесуваат на прецизности, во смисла на набројувања на имиња и на конкретни технички уреди, но дека постапувањето на судот е во рамките на законот.

- „Неспорно е дека во саботата го вратив мислењето на Специјалното јавно обвинителство на доработка, иако со него се даваше согласност за замена на мерката притвор со поблага мерка. Точно е и тоа дека во саботата дојдов на работа и дека од затворот „Скопје“ беше спроведено лицето за кое зборувате, но исто така е точно дека јас, како судија на претходна постапка, имав обврска да постапам, дотолку повеќе што се работи за притворски предмет“.- изјави Весна Димишкова.

Појавувањето на судијката Димишкова, во саботата, во судот, е поткрепено и со одлука зад која стои претседателот на кривичниот суд, судијата Иван Џолев.

Судијката Димишкова стои зад притворањето на Сашо Мијалков, но и на неговиот кумашин Орце Камчев, Ненад Јосифовиќ, Цветан Панделевски, директор на земјоделскиот комбинат „Пелагонија“, Зорица Арсовска, сметководителка во фирмите на Камчеви и Тодор Мирчевски, сопственик на оф-шор компанијата „Ексико“, сите осомничени во предметот наречен „Империја“.

Димишкова го потпиша налогот за првиот претрес на Управата за безбедност и контраразузнавање, но и неколку други налози за претрес на домови на лица за кои многу подоцна се покаже дека биле дел од системот, односно дека стоеле зад нелеганото прислушување.

0 Коментари

Остави коментари