Судијата Ненад Савевски предлог за нов државен јавен обвинител
Судијата Ненад Савески на чекор за прв човек во Јавното обвинителство. На денешната седница од четирите одобрени кандидати од Советот на обвинители, владата одлучи да го предложи кривичниот судија за државен обвинител. Постапката се сели во Собранието - каде за негов избор ќе биде потребно просто мнозинство од најмалку 61 глас.
Владиниот портпарол Марија Митева - вели дека на изборот претходела конструктивна дискусија каде биде земени во предвид професионалниот интегритет, стручноста и доследната посветеност.
Савески од 2016 година е судија во Кривичен, во одделот за организиран криминал и корупција. Работел како јавен обвинител, а предавач е на Академијата на судии и јавни обивнители.
Како еден од петте кандидати за своето портфолио и заложби единствено се огласи пред камерата на ТВ 24. Во емисијата Анализа најави одредена ревизија за случајот Кочани. Веднаш ќе побара увид во обвиненијата.
Советот на обвинители во февруари им даде позитивна оценка и на обвинителките Анита Тополова-Исајловска, Ленче Ристоска и Лидија Раичевиќ.. Но, првиот човек на владата Мицковски поранешната специјална обвинителка Ристовска уште на старт ја исклучи од трката.
Претходно на конкурсот што го распиша Собранието се јавија петмина кандидати. При оценката Советот го дисквалифкуваше поранешниот судија Владимир Панчевски поради немање постојан работен стаж.
Изборот на државен јавен обвинител следува откако во декември 2025 година Љупчо Коцевски даде оставка од функцијата, истиот ден кога Собранието требаше да расправа за неговото разрешување.

