Судиите се пожалија, Русковска повикана да даде отчет за смс пораките

Обвинителката Вилма Рускоска утре ќе треба да даде отчет пред Советот на јавни обвинители за заканувачката СМС порача испратена до судиите кои ја пуштија Катица Јанева во домашен притвор. Првиот човек на советот Ацо Колевски за ТВ24 потврди дека дописот од Апелација стасал до Советот, а откако ќе го чујат и ставот на Рускоска вели ќе излезат со свој став.

Судскиот совет пак, остро ја осуди Рускоска и обвини за вршење притисок врз судството. Зад апелациските судии застана и претседателот на Советот.

Судскиот совет ќе застане позади секој судија кој чесно, совесно и професионално си ја врши својата работа. А не против судии, коишто постапуваат спротивно. Пo однос, на изјавата на Рускоска пративме наша реакција вие ја знаете содржината и не би сакал да го повторувам она што го дадовме за јавноста.“ - вели Киро Здравев – претседател на Судски совет.

Рускоска не сака да коментира ништо повеќе. Во СМС порака само ни одговори дека стои зад соопштението на Јавното обвинителство, според кое, изјавата на обвинителката дека, како што рече, ќе ги истресе од гаќи судиите кои ја пуштиле Јанева да излезе од Шутка, не е закана туку момент на разочарување.

Со свои ставови се вклучија и политичарите.ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека препукувањата меѓу обвинителството и судството се сценарио на власта. Премиерот Заев пак воздржан - вели по препораки на ПРИБЕ нема да коментира судски одлуки. 

А токму аферата „Рекет“, уште еднаш ја покажа потребата од ветинг и проветрување на судиите и обвинителите, смета дел од адвокатската фела, но се сомнева дека има политичка волја за тоа.

„Кај нас политичките партии како доаѓаат на власт така ставаат нови судии. Не ги чепкаат старите само нови ставаат. Само го зголемуваат бројот на судии, напротив треба да се преполови бројот на обвинители и судии, и секој судија да биде суд. Да има два три стручни соработника, приправника, службеник, дактилограф и тој само да суди.“ - вели Јован Јоанидис – адвокат.

Според Јоанидис, пораката на Русковска не е закана, и ако имала аргументи за притворот, одлуката на судиите е избрзана. Како самата ќе ги правда зборовите во смс пораката – останува да се види утре на седницата на советот на јавни обвинители, образложебите може да биде усно или писмено.