Судиите и административците се уште не ја зеле ноемвриската плата, можен е прекин на работата
Судовите во државава се соочуват со огромен недостиг на персонал, фалат референти, дактилографки и стручни соработници, а вработените се принудени да извршуваат задачи повеќе од тоа што треба да го сработат, велат од УПОЗ.
Додатоците на плата не се исплатени од март, што е неприфатливо, Судиите и административците се уште не ја земале ноемвриската плата, можен е прекин на работата. Четири судови веќе најавиле прекин на работата, а од Синдикатот на УПОЗ велат дека нема да ги спречат доколку сакаат да штрајкуваат.
Деаноски побара итно донесување на Законот за судска служба и јавнообвинителство и тоа до крајот на оваа година, за конечно од 2026 да се вреднува работата во судската сфера.
Независниот синдикат на државната администрација и Независниот синдикат на судската администрација вчера предупредија на можен штрајк во сите судови доколку не се подобрат материјалните услови и не се реши проблемот со недостиг на кадар. Побараа и итна исплата на додатоците на плата кои не се исплатени од март оваа година, исплата на регрес за годишен одмор и пресметка на платите согласно коефициентите од Општиот колективен договор во јавниот сектор од 2023 година.

