Судии нема за лек јавни обвинители уште помалку
Судии нема за лек јавни обвинители уште помалку. И најбројната, осма генерација од 97 кандидати, во Академијата за судии и јавни обвинители нема да бидат доволни да се пополнат испразнетите места.
Дел од правосудната фела размислува дека е време да се преиспитаат критериумите и начинот на избор и едукација на идните судии и јавни обвинители.
Ерозијата на јавни обвинители веќе е алармантна. Само во јуни годинава ќе треба да се пензионираат нови десетина јавни обвинители. Според Антонио Јолевски, претседател на Советот на јавни обвинители единствено решение за сега е да се забрза темпото на прием на нови кандидати, смета Јолевски.
Можеби изгледа дека две години е споро темпо на едукација на кадар но квалитетот мора да биде обезбеден, вели директорката на Академијата, Наташа Габер Дамјановска. Приемот на кандидати не смее да биде дискриминаторски, вели таа, па така и за кандидати роднини на судии и јобвинители или други високи функционери, ако истите ги исполнуваат критериумите.
Сепак, според адвокатот Тони Менкиноски, правосудството е затворено за соодветни кадри. Решение, вели тој е отворање на вратите за адвокатите и за професорите. Не може, вели Менкиноски, разрешени судии и обвинители да бидат адвокати а адвокатите да не можат да бидат дел од судството и обвинителството.
Пред три дена беше промивирана осмата генерација на кандидати на Академијата за судии и јавни обвинители. Едукацијата трае две години. Ова е најбројната генерација од 97 кандидати од формирањето на Академијата во 2006 година. Во ноември годинава треба да заврши едукацијата на седмата генерација 59 кандидати за идни судии и јавни обвинители.