Судењето против Лидија Димова продолжува на 3 март
Судењето за случајот со финансиски малверзации со средства на Европската заедница продолжува на 3 март. На почетокот на судењето второобвинетиот Александар Гочев призна вина и постапката за него беше одвоена.
Судењето продолжи само за првообвинетата Лидија Димова, поранешна директорка на Националната агенција за европски образовни програми која се товари за злоупотреба на службена положба и измама на штета на средства на Европската заедница и третообвинетата Ана Павлиду за „несовесно работење во службата“.
Димова пред судот рече дека не чувствува вина.