Судење за „Шпански скали“
Foto

Судење за „Шпански скали“

Поради изолација поради Ковид-19 на една од обвинетите и поради обврски во други судски случаи на двајца адвокати денеска беше одложен почетокот на повторното судење за случајот „Шпански скали“. 

Во случајот „Шпански скали“, покрај ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, обвинети се уште десетмина други вработени во истото министерство, во Катастар, нотари и еден бизнисмен.

Според обвинението тие незаконски склучиле четири договори за продажба на државно земјиште на кое требало да се изградат хотели. Една од парцелите била наменета за изградба на „Шпанските скали“, парцела која се наоѓа пред зградата на ЕВН на плоштадот „Македонија“ во Скопје.

Со тоа, тврди обвинителството ја оштетиле државата за 2,6 милиони евра. Во февруари 2018 година, градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ го поништи решението за изградба на „Шпанските скали“. Надлежните констатирале, дека инвеститорот во рок од две години, колку што е законски предвидено, не започнал со изградба на објектот.

0 Коментари

Остави коментари