Судење за пожарот во „Пулс“: Родителите се сомневаат на влијание и притисок врз сведоци

Со сослушување сведоци и законски застапници на оштетените продолжи  судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.

Дел од родителите на загинатите деца денеска изјавија дека се сомневаат на влијание  и притисок врз сведоци. Се сомневаат во обиди за прикривање и влијание врз постапката.