Судење за ИПАРД – Меѓу осуммината на обвинителна клупа е и поранешен министер

Судењето за злоупотреби со ИПАРД помошта за земјоделците почна со воведни зборови. На обвинителна клупа седнаа 8-мина обвинети меѓу кои поранешниот директор на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Илија Стоилев како и Џевдет Насуфи, поранешен министер за правда и за локална самоуправа во владата на Љубчо Георгиевски а сега како директор на обвинетата фирма од струшко Велешта. 

Обвинетите се товарат дека  сториле кривични дела давање поткуп, давање награда за противзаконито влијанија, примање награда за против законито влијание, примање поткуп и злоупотреба на службената положба.

По случајот, Европската комисија ја стопираше исплатата на 2,9 милиони евра од ИПАРД кои требаше да легнат на сметката на државата до крајот на јануари годинава. Министерството за земјоделство на крајот на април информираше дека конечно парите се одблокирани.