Судење за двојното убиство: Завршни зборови на одбраната

Судскиот процес за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски е во завршна фаза, адвокатите на обвинетите Велибор Манев, Боре Видевски, Влатко Кешишев и Александар Ѓорчевски ги изнесоа своите завршни зборови.

Бранителот на Велибор Манев, Горан Бошески од судот побара да биде ослободен од обвинението за убиство и да одговара само за нивното грабнување. 

Горан Бошески - адвокат на Велибор Манев: Кога ја отворивме вреќата, видовме училишен ранец. Палевски ѝ ја тргна лентата од устата на ‘жената’ и видовме дека е дете. Ја праша која е, кои се мајка ѝ, татко ѝ. Ја фотографираше со вперен пиштол во неа. Му тековме со Боре да го ослободи девојчето, и така сме под маски. Но тој зеде перниче од ѓубриштето и ја застрела во главата. Истакна мегу останатото во завршниот збор адвокатот Бошески.                                 

Застапникот на Боре Видевски, Бојан Манев денеска повтори дека неговиот клиент треба да добие ослободителна пресуда бидејќи Обвинителството не понудило никакви докази за вмешаност во двете убиства. Според него, Обвинителството се раководело само врз основа на претпоставки и изнудени признанија, но оти конкретен доказ за вмешаност на Видевски немало.

Според образложението на Игор Ефремов кој што го застапува Влатко Кешишев реферирајки го завршниот збор и тој од судот побара ослободителна пресуда за неговиот клиент во врска со убиствата, со образложение дека тој не само што не учествувал, туку ниту знаел, ниту имал намера тоа да се случи. Евентуална вина, како што посочи, може да сноси само за грабнувањето на Вања. 

Според адвокатот Владимир Туфенџиќ обвинението против таткото на девојчето Вања е целосно неоснована, без аргументи, паушално и засновано на претпоставки без прецизни докази и бара целосно отврлање на овиненијата против Александар Ѓорчевски.

Претходно обвинителите на последното рочиште во своето завршно излагање побараа максимална казна за обвинетите. Во петок пак треба да започне главната расправа, но претходно на барање на затапникот на првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо ќе го изнесе своето завршно излагање.