Судење за „Двојник“ - Зад затворени врати се изведуваат докази со назнака “строго довериливо“

„Со изведување на докази како се издавале пасошите на странски државјани денеска во Кривичниот суд Скопје продолжи судењето во случајот „Двојник” против обвинетите кои не се чувствуваат виновни за злоупотреба на службената положба.

Поради тоа што доказите имаат назнака на строго доверливи, судијата Оља Ристова мораше да донесе решение со кое јавноста беше исклучена од следењето на судското рочиште. 

И додека судот утврдува дали обвинетите се виновни или не од опозициската ВМРО-ДПМНЕ не попуштаат. Сметаат дека судската постапка за, како што го викаат тие случајот „Мафија“ тече со минимални казни затвор за административците во МВР, додека одговорност по хиерархија кај министерот Оливер Спасовски или другите надредени нема. Од партијата и денеска го прашаа премиерот Зоран Заев каква е неговата врска со турскиот бизнисмен Седат Пекер, еден од стотината луѓе кои добиле лажен пасош. 

„Единствената точка која што ги поврзува Седат Пекер и Зоран Заев според она што може логично да се заклучи се наркотиците. Седат Пекер работи со трговија на дрога на меѓународно ниво, додека Зоран Заев и неговите братучеди работат со бизнис за марихуана на ниво на Република Македонија.“ - изјави Антонијо Милошоски.

Од кабинетот на премиерот пак со истиот став откако Пекер се пофали дека имал средба со Заев и тоа лично во неговиот дом. 

„Претседателот на Владата немал средба со лицето за кое прашувате.“ - велат од Кабинет на премиерот Зоран Заев.

Од првично обвинетите 11 луѓе, седуммина признаа вина, а една обвинета најави дека ќе признае дека е виновна. Судењето за неа ќе биде закажано откако обвинетата здравствено ќе биде способна да го следи судењето. Сите тие покрај затворските казни и една условна казна добија и забрана за извршување на професијата во траење од десет години.