Суд во Тексас пресуди Алекс Џоунс да плати 50 милиони долари оштета за клевата

Суд во Тексас му изрече казна во висина од 45 милиони долари на Алекс Џоунс, основач на веб-сајтот „Инфоварс“. Парите се оштета за родителите на жртвите од масакрот во училиштато Сенди хук кои го тужеа Џоунс за клевета. 

„Инфоварс“ e еден од главните мегафони во САД за ширење теории на заговор и дезинформации, како за национални трагедии, така и за Ковид-19 или за изборите. Својата радио програма и веб содржини Џоунс ги емитуваше на огромна публика во САД.  

Веднаш по оружениот напад во основното училиште Сенди хук во 2012 година, кога загинаа 26 лица, вклучувајќи 20 деца на шест и седумгодишна возраст, Џоунс известуваше дека „никој не умрел“, и дека нападот бил исцениран од активистите за контрола на оружјето во САД за да се создаде расположние за отстранување на оружјето. 

Нил Хеслин и Скарлет Луис, родители на шестгодишната жртва Џеси Луис, дадоа искази дека добивале постојани закани по емисиите на Џоунс “ а поврзано со Сенди хук. 

Одлуката на судот синоќа дојде по судската одлука завчера кога истата порота пресуди оштета во полза на тужителите во висина од 4.1 милион долари. Со тоа, вкупната сума што Џоунс треба да ја отплати на родителите е во висина од 50 милиони долари.  

Во тужбата тие бараа  оштета од 150 милиони долари. 

Адвокатите на родителите побараа од судот да ја заврши „златната треска од страв и дезинформација “ на Џоунс. 

Весникот „Тексас трибјун“ истакна дека медиумската империја на Џоунс се урива откако неколку компании веќе отишле во банкрот, 

Независен економски проценител кој сведочеше на судењето укажа дека од 2015 и 2018 година Џоунс од својата компанија „Фри спич системс“ заработил 18 милиони доларии дека добил исплати од 62 милиони во 2021, а поврзано со друга тужба за клевета околу Седни хук. 

Неговото вкупно богатство е проценето меѓу 135 и 270 милиони долари, вклучувајќи ја и неговата компанија „Фри спич системс“.