Субвенционираниот студентски оброк го „јаде“ инфлацијата, студентите бараат промени
Финансиска поддршка од 140 денари дневно или 840 денари неделно добиваат студентите како субвенциониран студентски оброк што можат да ги искористат од понеделник до сабота...Мерката е наменета како поддршка за покривање на дел од трошоците за исхрана на студентите и за неа се одвојуваат средства од Буџетот на државата.
Студентите генерално се задоволни од мерката, но сметаат дека треба да се смени концептот и да се зголеми висината на финансиската поддршка. Во изјава за МИА, студентите велат дека и покрај зголемувањето на износот на финансиските средства од 120 на 140 денари дневно потребно е овие средства да се зголемат.
Од Министерството за образование и наука пак велат дека станува збор за мерка за субвенционирање, односно поддршка за покривање на дел од трошоците за исхрана на студентите, а не за покривање на сите трошоци за храна.