Субвенции за производство на струја од сонце
Foto

Субвенции за производство на струја од сонце

Државата ќе субвенционира производство на струја од фотонапонски централи. Сончевите панели ќе може да ги поставуваат приватни компании во реоните Свети Николе и Македонски Брод, на приватно или на државно земјиште. Можност да изградат фотонапонските централи ќе добијат оние компании кои на поддавањето од Владата ќе побараат помали субвенции за секој произведен киловат час електрична енергија. Анѓушев вели дека за произведени 200 мегавати Владата е подготвена да дава помош од 3 до 4 милиони евра годишно.

„Сите инвеститори на фотоволтаични електрани својата електрична енергија ќе ја продаваат на слободниот пазар, а од државата ќе бидат потпомогнати со т.н премиум, што функционира во сите развиени земји во Западна Европа, и тој премиум на крајот на годината ќе биде плаќање, за да овие проекти бидат пофизибилни и поисплатливи за идните инвеститори“ - изјави Кочо Анѓушев, потпретседател на Владата.

Анѓушев вели дека за произведени 200 мегавати Владата е подготвена да дава субвенции од 3 до 4 милиони евра годишно. Оваа струја произведена од фотонапонските централи ќе треба да ги задоволи потребите на околу 150 илјади семејства.

„Постапката ќе биде максимално транспарентна, нема потреба од никакво договарање со никого, нема потреба од лобирање, нека се азадоволат критериумите технички и елктронската аукција ќе биде отворена и јавна за сите.“ - изјави Анѓушев.

Европската Унија бара Македонија да го искористи сонцето за производство на струја, со оглед на тоа што имаме 280 сончеви денови. Во моментов во земјава 18 проценти од електричната енергија се добива од обновливи извори на енергија, а целта е до 2020 година да користиме 23 проценти. Обновливите извори на енергија ќе помогнат во процесот на исфрлање на јагленот од производството на струја. До 2050 година 95 проценти од струјата во цела Европа ќе треба да се произведува од обновливи извори, како хидро и биогасницентрали, ветерници и сончеви панели. Германија засега е лидер во ваквото поизводство.

0 Коментари

Остави коментари