„Студио 10“: За композицијата „Робертовата свита“ од македонската, а светски позната композиторка, Бете Илин

Опусот на композиторката Бете Илин опфаќа голем број вокални дела и инструментална музика. За своите дела е добитничка на повеќе награди. Нејзините композиции се изведуваат на концертните подиуми во Македонија и насекаде низ светот, од страна на врвни изведувачи. Меѓу последните беше изведбата на „Робертовата свита“.

- Комозицијата „Робертова свита“ е нпишана во 2020 година. Инсипирацијата за оваа композиција ја добив од книга на познатиот Американски писател Роберт Грин. Во 2018 година прв пат се сретнав со неговите книги. Посакав да напишам за секоја една негова книга по еден став, од една свита којашто ја именував по неговото име. Ставовите во оваа комозиција се дел од имињата на неговите книги. Имав чест Макеоднкста филхармонија да изведе два става од оваа свита. Диригент беше една од светските имиња Ребека Тонк. Ми беше голема чест што таа ја изведе премиерата на оваа комозицијата. - вели композиторката Бете Илин.