Студио 10: Со сите три селекции на ЕП ќе ни биде тешко!
Foto

Студио 10: Со сите три селекции на ЕП ќе ни биде тешко!

„Украина е физички многу силна, негуваат стил од времето, поранешниот источен блок, мислам дека со Украина ќе ни е најтешко. И Холандија и Австрија сакаат да играат фудбал, имаат криза“ смета Васил Рингов.

„Селекторот си има свои идеи, но мислам дека не треба да играме со тројца напаѓачи, треба да тргнеме попретпазливо, ако формата на Австрија ни овозможува напад, да тргнеме во напад. Многу репрезентации играат калкулантски, на резултат. Ќе ни биде тешко со сите, не сме ние толку надмоќни за некој од нас да се плаши. Треба ние да се потрудиме да им направиме проблем на другите“ смета Дарко Панчев.

„Од нас зависи колку ќе ни биде тешко, сиот наш квалитет треба да дојде до израз. Со сите ќе биде тешко. Украинците играат доста добар фудбал, имаат топ селектор. Со Холандија да не се залажуваме, играме во Амстердам, но и ние се прашуваме, како ние ќе се однесуваме на терен, така ќе играат и противниците“ смета Вујадин Станојковиќ.

0 Коментари

Остави коментари