СТУДИО 10: Младите во Македонија прерано стапуваат во сексуални односи
Од повеќе причини е битно младите информациите за сексуалното здравје и односи да ги добијат во училишната клупа, каде што ќе добијат проверени и научни информации. Искуствата од земјите кои со години имаат ССО во образовниот систем покажуваат дека младите треба да ги имаат информациите пред да стапат во сексуален однос, вели Елизабета Божиноска од ХЕРА и истакнува дека поразителен е податокот дека во Македонија децата стапуваат во сексуални односи премногу рано, на 15 години.
На пример, во Холандија првиот сексуален однос на младите е на 18 години, а пред неколку години било на 17 години.
- Раното стапување во сексуални односи не е само прашање на физичка реализација на една релација туку отвора прашање за менталниот аспект. Првиот сексуален контакт ако е пред младата личност да биде психички спремна тоа ќе остави негативни последици на идниот сексуален живот оти ќе биде доживеано како траума, објаснува д-р Славица Гајдаѕис Кнежевиќ во СТУДИО 10 на ТВ 24.
Таа вели дека сексуалниот момент го детерминира целокупното гледиште на личноста кон животот.