СТУДИО 10: Франција тагува за поразот, Аргентина ја слави победата на Мундијалот

Франција не може да се помири по поразот  од Аргентина во финалниот меч во Катар.

На улиците во Франција немири, полицијата уапси 227 лица. 

Во Aргентина пак очекувано по победата големо славење. Улиците во Буенос Аирес беа исполнети со навивачи во сино-бела боја.

Свој осврт за мундијалот и победата на репрезентацијата на Аргентина над триколорите во Студио 10 дадоа спортскиот коментатор Атанас Костовски и Новинарот Игор Филевски.