Студентските домови ќе функционираат по сите протоколи

Од понеделник, студентските домови во Скопје се отвораат за студентите. Домовите ќе функционираат според посебни протоколи, со ограничен број станари, изјави директорот на Државен студентски центар Дарио Николовски, по денешната посета на студентскиот дом „Кузман Јосифовски-Питу“.