Студентски протест во Белград
По неколку месеци затишје, нов протест во Белград. Илјадници студенти и граѓани се очекува денеска да се соберат на еден од главните плоштади во српската престолнина и да побараат оставка од владата и претседателот Александар Вучиќ.
Собирот започна во 13 часот на четири локации во метрополата..Околу 17 часот ќе тргнат кон Славија каде еден час подоцна е закажан главниот протест. Студентите велат дека движењето влегува во нова фаза. Најавија конкретни одговори за проблемите на граѓаните а на Славија ќе престават и дел од програмата на која работеле во изминативе месеци.
Огњен Бошњаковиќ - студент
„Можеби изминатите месеци изгледаше како да се повлековме, како да не сме веќе толку активни, но ние продолживме со работа. Заедно со нашите соработници пишувавме многу стручна и обемна програма. До сега разговаравме само за проблемите, а сега за прв пат ќе зборуваме за решенијата. Денеска ќе преставиме дел од програмата. “
Белградските студенти досега во повеќе наврати организираа протести на плоштадот „Славија“, а минатогодишниот собир, кој се одржа на 15 март, се смета за најмасовниот протест некогаш организиран во Србија.
Ела Зековиќ
„Повторно се собираме за да покажеме колку не има. Пораката „студентите победуваат“ има големо значење и тоа не само слоган кој го промовираме.“
За аналитичарите денешниот собир е дел од еден поголем процес кој довел до промена во српското општество...Сега се бара начин како да се потврди таа промена...
Дејан Павловиќ – вонреден професор на факултетот за политички науки
„Во моментов сме во фаза на решавање на клучен општествен проблем, а постојат два начина за негово решавање: едниот е политички, на демократски избори, а другиот е насилен. Сстудентите избраа побениген пат, патот на мирот. Она што сите го чекаат е да понудат начин да го потврдат она што веќе го знаеме, а тоа е дека српското општество е променето.Тие сакаат да ја вратат вербата во институциите и да понудат инклузивен процес, како и решенија за проблемите на граѓаните.“
Од рано утрово комплетно запрен железничкиот сообраќај во Србија. Од државната компанија велат дека добиле анонимна порака за поставени бомби во возовите и депоата ..И за време на демонстрациите кои се одджаа во србија минатата година, во прекин беше железничкиот сообраќај. Од компанијата и тогаш изјавија дека до нив стигнале закани за поставени експлозивни направи.
„Инфраструктура на железниците на Србија“
„Денес во 03:06 часот дежурните железнички диспечери примиле анонимна телефонска дојава за поставени експлозивни направи во сите возови кои пристигнуваат и во депоата. Се очекуваат инструкции од надлежните органи во врска со понатамошното постапување и организирањето на железничкиот сообраќај.“
Во изминативе месеци, по секои големи демонстрации на српските студенти, следуваше контрапротест на поддржувачите на владејачката Српска напредна странка ...Полицијата и деенска го забрани пристапот до пионерскиот парк каде се поставени штандови со натпис „Србија победува“.
Александар Вучиќ неодамна најави дека изборите ќе се одржат во периодот од крајот на септември до средината на ноември. Вели дека подготвен за разговара со сите кои сметаат дека треба да се повлече од политиката, иако како што тврди, опозицијата одбива дијалог.
Протестите во Србија почнаа по смртта на 16 лица при падот на бетонска настрешница на железничка станица во Нови Сад на 1 ноември 2024 година. Студентите во Србија ги предводеа демонстрациите кои следуваа. Постојано го обвинуваа Александар Вучиќ да поднесе оставка поради трагедијата, истовремено обвинувајќи ја владата за корупција.

