Студентите обединети маршираат за итни и сериозни мерки за поголеми права и стандард

Денеска, седумнаесетти ноември е меѓународен ден на студентите. Токму денеска тие маршираат од Влада до Министерството за образование и наука.

Универзитетските студентски собранија при УКИМ, Штуловиот универзитет, ФОН, Американ колеџ, ФОП, универзитетите од Битола и Штип и движењето „Студентски отпор“ обединето ги бараат своите права, но и да ги искажат своите основни барања за проблемите со кои се соочуваат во 21 век-истакнуваат студентите.

Денеска во Собранието се одржа средба на која присуствуваа Славчо Темелковски-претседател на Универзитетското студентско собрание при УКИМ, министерот за образование и наука Јетон Шаќири, Виктор Велевски-директор на Студентскиот дом-Скопје како и пратеници- поводот за средбата беше изработка на акциски план за подобрување на условите во студентските домови. 

Во собранието се одржа и седница на која се расправаше за студентскиот оброк. 

Студентите не отстапуваат од своите барања, затоа што како што истакнуваат образованието е еден од главните столбови на една држава и треба да биде слушнат гласот на младите, затоа што до овој момент се лоцирани проблеми кои треба веднаш да се решат.