Студен туш или европска поддршка?
ЕУ да превземе сериозни чекори за нашата земја и да испорача датум за отпочнување на преговорите е видеопораката која премиерот Заев ја испрати до унијата по враќањето од Берлин каде порисуствуваше на самитот на кој се сретна со германската канцеларка Меркел, но и францускиот претседател Макрон.
Пораката на Заев доаѓа откако на самитот на кој присуствуваше заедно со останатите лидери на земјите од Западен балкан не се дискутирало толку за проширувањето колку за зајакнување на безбедноста во овие земји но и реформите кои тие треба да ги направат. Сепак, и од Илинденска број 2 каде денеска министерот Димитров и вицепремиерот Османи одржаа брифинг тврдат дека земјата била поканета како позитивен модел за тоа како треба да се решаваат односите меѓу соседните земји кои се аспирантки за членство. Но, конкретен одговор дали земјава че добие датум во јуни и покрај промоната на името.
Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ пак, денеска обвинија дека Владата не се справила добро евроинтеграциите и побараа од премиерот Заев јавно да признае. По вчерашниот заклучок од самитот тврдат се поизвесно е дека земјава нема да добие датум во јуни за отпочнување на преговорите.
Содржините пак кои осамнаа во дел од германските медиуми одеа дури во насока дека земјите од Западен Балкан од очекувањата на самитот добиле само студен туш. Од владата пак велат дека толкувањата со доза на скептицизам повеќе биле во насока на проширувањето на Унијата, а не добивањето датум за отпочнување на преговорите. Во меѓувреме пак Франција веќе ја објави својата нова стратегија за земјите од Западен Балкан во која речиси и воопшто да не се спомнува проширувањето на Унијата, но затоа таа се заснова на 4 точки и тоа економскиот и социјалниот развој, безбедноста, правосудството и одбраната. Токму оваа стратегија отвори полемики во јавноста дали со тоа земјава ќе извиси во добивањето на датум за отпочнување на преговорите во јуни како што очекуваат од Владата.

