Стружанецот Климе Маџароски се жали дека му е ускратено родителското право
Стружанецот Климе Маџароски се жали дека му е скратено родителското право.Со денови не може да го види единаесет годишниот син, а комуницираат само преку пораки.Се започнало во петокот кога после донесена судска времена одлука уредно го предал детето на неговата мајка а имаат двојно старателство.Оттогаш ги алармира службите дека не може да оствари средба со детето но решение за проблемот не добива.
Неговиот адвокат вели дека судската одлука е незаконита.Најголемиот страв е детето да не биде изнесено од државава во случајот Австралија бидејќи тврдат дека досега имало обид за такво нешто оти претходно живееле таму, а имаат и државјанство.
Од судот пак велат дека на таткото не му е ускратено родителското право.
,,Од овој суд под Впп2-33/24 е донесена времена мерка со која малолетното дете е доделено на мајката како што стои во правосилната пресуда од надлежен суд во Австралија која пресуда е признаена од Основен суд Струга и решението за признавање за странската одлука е правосилно.На таткото не му е ускретено родителското право, согласно признаената странска одлука, бидејќи за видувањата на детето одлучува надлежен Центар за социјални работи, а во признаената пресуда од странскиот суд во Австралија таксативно е наведено кој ден и час може таткото да врши видување со малолетното дете."
Од Центарот за социјални работи од Охрид потврдуваат дека предметот го добиле во понеделникот.
,,Ваквите случаи се чувствителни и не можат да се решат за еден час или ден. Процесот се работи тековно и вклучени се педагог, психолог, правник и се се одвива според законските норми."
Инаку одлуката е обжалена во битолска Апелација.Ако правдата не успее да ја добие во Струга, Маџароски ќе ја бара на повисоки инстанци.