Струмичките ученици засадија јавор во спомен на 63-те жртви во пожарот во Кочани
Средношколци од Струмица во големиот градски парк засадија јавор во чест на 63-те загинати во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Иницијатори беа учениците сместени во домот „Димитар Влахов“, а им се приклучија и средношколци од трите училишта. Рекоа дека сакаат несреќата никогаш да не се заборави, а дрвото да биде жив спомен на вредноста на животот и човечката солидарност.
Дрвце беше засадено и во дворот на музичкото училиште во Струмица, каде што работеше младиот музичар Ѓорѓи Ѓоргиев, кој почина во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

