Струмичката болница почнаа да ја обезбедуваат припадници на АРМ

Почна обезбедувањето на струмичката болница од страна на припадници на АРМ и МВР.

Десетина припадници се распоредени пред зградата на болница и пред инфоективното одделени кои ќе бидат задолжени за воспоставување ред и да се спречат несаканди инициденти заради ноервозата кај дел од  ковид пациентите и нивните најблиски. Преставниците на АРМ дојдоа по барање на болницата откако беше деонсена одлука за пролгасување кризна состојба.

Состојбата во струмичката болница и понатаму е незавидна. Речиси сите капацитети се полни иако дневно се ослобдуваат по два до три кревета каде се сместуваат нови. 19 пациенти се на кислородна поддршка.

Во Струмица и регионот во моментов според здраствените власти има околу 600 активни случаи со виурсот ковид 19, а 56 лица починале од почетокот на пандемијата. Пред инфективно се во соработка со Црвениот крст поставија и шатори каде пациентите ќе може да чекаат за влез во одделението.