Струмица планира Музеј на струмичкиот плоштад, еко активистите против

Општина Струмица планира подигање Музеј на струмичкиот плоштад со површина од околу илјада квадратни метри. Тоа е предвидено во измените на деталниот урбанистички план за центарот на градот на што се спротиставија екоативистите. Тие сметаат дека не е потребен објект на плоштадот и побара да се размислува за подигање зелени површини.

Музеј на град Струмица на градскиот плоштад, изградба на деловна зграда на просторот меѓу Стокновна и поранешна СОК банка, катна гаража и стамбена зграда на 50 тина метри од градската галерија. Ова се само дел од предлозите со измените на деталниот урбаниситчки план за центаорт на Струмица кој наиде на критики при презентацијата за планот да се гради музеј на плоштадот.

Измените на ДУПОТ за центарот на Струмица е да се заокружи една целина и да стане пофункционален кажаа од проектантската куќа со оглед на големата површина на плоштадот. На истиот се планира дислокација на фонтаната но и нови зелени површини.

Од општината пак прецизираа дека станува збор за предлог градежна парцела а дополнително ќе се утврдува од каков матријал ке се гради музејот. Софија Ристова Патриков откри дека таму се планира да биде и инфо центарот за Струмица.

Новиот плоштад се изгради пред повеќе од една деценија. Под него има паркинг простор а во непосредна близина се две културни институции. Општината сега ги чека мислењата на струмичани во однос на измените.